Тензии во Егејското Море: Грчката крајбрежна стража пукала на турски рибари

21.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тензии во Егејското Море: Грчката крајбрежна стража пукала на турски рибари

Грчката крајбрежна стража испукала предупредувачки истрели кон турските рибарски бродови, објави „Хабер Хуријети“.

Инцидентот се случил меѓу турски рибари кои ловеле риба во областа помеѓу Дидим (во близина на Ајдин) и островот Ешек (Агатониси) и грчката крајбрежна стража.

Според извори од грчката крајбрежна стража кои разговарале со локалниот печат, во вечерните часови на 18 ноември, грчката крајбрежна стража интервенирала против два турски рибарски брода во водите помеѓу Агатониси и Дидим, со цел да ги избрка. Се известува дека некои од куршумите погодиле три од бродовите „Хасип Реис“.

Капетанот на бродот „Хасип Реис 3“, Хасан Ајгун, изјавил дека нападот се случил „во турски територијални води“.

Според извештајот на турскиот весник „Созџу“, кога турските рибари продолжиле со риболов, грчката крајбрежна стража им се приближила на нивните бродови со три патролни бродови и испукала предупредувачки истрели.

После тоа, турските рибари се оддалечија од областа во Егејското Море.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата