Телефонски разговор Зеленски-Рама: Неопходно е Европа да биде дел од мировните преговори

22.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Телефонски разговор Зеленски-Рама: Неопходно е Европа да биде дел од мировните преговори

„Имав добар разговор со премиерот на Албанија и се заблагодарив на албанската влада и народ за поддршката за Украина и нашиот народ,  напиша  Зеленски на Платформата Икс, објави АТА.

Додава дека разговарале за многу важни теми – заеднички проекти и пошироки перспективи, како и европски дипломатски иницијативи.

-Клучно е Европа да биде на преговарачка маса. Сè што е поврзано со Европа мора да ја вклучи Европа, а сè што е поврзано со Украина мора да ја вклучи Украина. Заедничката визија и координираните чекори се од суштинско значење за постигнување праведен и траен мир. Работиме заедно на зајакнување на безбедноста низ Европа. Ви благодариме за поддршката,  пишува  Зеленски.

Украинскиот претседател ја истакнал неопходноста од „европско единство во соочувањето со актуелните безбедносни предизвици"./МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата