Тага во БиХ: 9- годишно момче починало по операција на слепо црево

22.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тага во БиХ: 9- годишно момче починало по операција на слепо црево

Ријад, роден 2016 година, бил ученик во ОУ „Едем Мулабдиќ“, каде со насмевка и добрина внесуваше радост и топлина. Неговата прерана смрт ги остави во шок не само неговото семејство и пријателите, туку и целата заедница. Детето починало по операција на слепото црево 

Таткото Сенедин, мајката Есмералда, сестрите Шејла и Нејла, семејствата Картал и Мујкиќ и многубројните роднини, соседи и пријатели остануваат во длабока болка, пишува Санџак Данас.

Момчето беше погребано во четвртокот, на 20 март 2025 година, а погребната поворка тргна пред џамијата во Лисац, со голем број присутни кои дојдоа да го пречекаат малиот Ријад во неговото вечно почивалиште.

И вработените во неговото училиште се простија од Ријад со емотивна порака:

„Со голема тага и болка се збогуваме со нашиот сакан ученик Картал Ријад, чија насмевка донесе радост во нашето училиште. Неговата убавина, добрина, бодрост и љубопитност ќе остават неизбришлив белег во нашите срца.Загубата на едно дете, особено толку младо и сакано, е трагедија која не може да се искаже.“

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата