Студентите во БиХ бараа одговорност за жртвите и уништувањето во минатогодишните поплави

10.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Студентите во БиХ бараа одговорност за жртвите и уништувањето во минатогодишните поплави

Стотици луѓе денеска протестираа пред Парламентот на Босна и Херцеговина во Сараево поради начинот на кој властите во земјата реагираа на поплавите, во кои загинаа 27 лица во октомври минатата година и да побараат казна за одговорните за жртвите и уништувањето.

На протестот, организиран од неформална група студенти преку социјалните мрежи, учествуваа околу 2.000 луѓе, меѓу кои и жителите на Јабланица, најтешко погодено место при минатогодишните поплави.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Злосторство без казна“ и „Кој е крив“.

Тие бараат итно да се почне истрага и да се санкционираат одговорните за жртвите во поплавите и казнен прогон на сите одговорни кои овозможиле илегално да работи каменоломот. Поради уривање на карпи од блискиот каменолом во градот Долна Јабланица загинаа 19 лица, а нивните куќи се уништени или сериозно оштетени.

Демонстрантите исто така побараа и објавување на податоците за собраната помош и за трошењето на средствата, како и да се објават планови за санација на поплавените подрачја. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата