Српското обвинителство: Денеска ќе бидат испрашани 14 луѓе, вчера на распит во полиција биле 26

3.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Српското обвинителство: Денеска ќе бидат испрашани 14 луѓе, вчера на распит во полиција биле 26

По повод трагичниот настан што се случи на 01.11.2024 г. година во Нови Сад кога се урна дел од зградата на Железничката станица, Вишото јавно обвинителство во Нови Сад ја информира јавноста дека вчера слушнале 26 лица, меѓу другите министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, директорот на Институтот за Заштита на спомениците на културата на град Нови Сад, одговорни лица во „Железници

Србија“ АД, „Инфраструктура железница Србија“ АД, одговорни лица ангажирани за извршување на работите. Документацијата на Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура е исклучена и ќе биде предадена на стручни лица за понатамошна обработка.

За денеска е нареден распит на 14 лица. Понатамошната интензивна работа продолжува со цел да се утврдат сите суштински елементи за кривични дела и кривична одговорност на лица, за што јавноста ќе биде навремено информирана.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата