Српскиот претседател најавува дека во следните 3-4 денови, двапати ќе се сретне со Трамп

30.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Српскиот претседател најавува дека во следните 3-4 денови, двапати ќе се сретне со Трамп

„Ќе се сретнам двапати во различни пригоди во следните четири дена. Не држете ме за збор бидејќи ги помешав датумите и различните временски зони“, рече Вучиќ за време на обиколката на работите во новата детска клиника.

Тој, исто така, најави дека очекува италијанската премиерка Џорџа Мелони да го посети Белград во август или септември, за која рече дека е, заедно со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, една од најмоќните жени во светот.

Претседателот Вучиќ синоќа, по повод споменувањето на нов 5. октомври, изјави дека има голема нервоза во редовите на опозицијата, бидејќи тие добиле истражувања и знаат дека паѓаат и се во лоша состојба, како и дека нервозата води кон понатамошна радикализација.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата