Средношколците во Белград ќе протестираат поради продолжувањето на учебната година

21.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Средношколците во Белград ќе протестираат поради продолжувањето на учебната година

 Учениците од средните училишта во Белград најавија протест пред Министерството за образование попладнево поради планираното продолжување на учебната година, со цел да се надоместат пропуштените часови за време на прекините на работата и блокадите, јави дописникот на МИА од Белград.

„Министерството за образование, кое поради своите постапки е едно од одговорните за прекинот на наставата и блокадата на средните училишта низ цела Србија, се обидува да создаде привид на нормалност со продолжување на учебната година, со цел да надомести за нереалните часови и пополнување формулари“, напишаа учениците на социјалните мрежи.

Тие додадоа дека не се согласуваат да молчат „на притисоците да посетуваат настава во месеци во кои немаат услови за тоа“.

Тие ги поканија сите средношколци, просветни работници, родители, ученици и граѓани на протестот пред Министерството за образование, што ќе трае од 18:30 до 20 часот.

Министерството за образование на Србија објави дека наставата во основните училишта може да се продолжи до 20 јуни, а во средните училишта до 18 јули.

Можноста за продолжување на годината, како што наведува Министерството, се однесува само на оние училишта кои, поради прекинот, не го реализирале наставниот процес во целост и немаат доволно време за надомест и оценување. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата