Србите од Македонија ВО БЕЛГРАД ЗА ПОДДРШКА ЗА ВУЧИЌ (ФОТО)

26.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Србите од Македонија ВО БЕЛГРАД ЗА ПОДДРШКА ЗА ВУЧИЌ (ФОТО)

Денеска во Белград пристигнаа повеќе автобуси кои треба да присуствуваат на митингот на владејачката Српската напредна странка и да му дадат поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Покрај автобусите со домашни, низ градот биле видливи и оние со странски таблички, а дел од српските медиуми јавуваат дека утринава околу седум часот наутро на граничниот премин со Македонија, цела колона автобуси и автомобили биле забележани како се упатуваат кон главниот српски град.

Некои регионални организации, како што е новоформираното здружение во Скопје, самоиницијативно потврдија дека организираат превоз до Белград на големиот митинг. Здружението „Мир, слога, стабилност“ кое има свое седиште во зградата на поранешниот премиер Никола Груевски, објави на социјалните мрежи дека веќе се упатиле кон Србија.

-Многу нè има! Претседателот Александар Вучиќ ја има поддршка на Србите од Македонија и Македонците со српско потекло! Во огромен број се упативме кон Белград за да ја поддржиме политиката на мир, слога и стабилност, објавија од здружението.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата