Србија: За 24 часа активни биле 165 пожари, во Крагуевац прогласена вонредна состојба

8.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Србија: За 24 часа активни биле 165 пожари, во Крагуевац прогласена вонредна состојба

Спорд нив, од почетокот на јуни до денеска, на територијата на Србија се регистрирани 4.137 пожари на отворени простори и дека едно лице загинало, 14 граѓани се повредени, додека припадниците на противпожарните и спасувачките единици спасиле две лица.

„Со оглед на сериозноста на ситуацијата, Одделот за вонредни ситуации ќе го зајакне инспекцискиот надзор на терен, а секое неодговорно однесување на граѓаните ќе биде санкционирано во согласност со законот“.

Оттаму додадоа дека поради големиот број пожари и силната бура, биле ангажирани сите противпожарни и спасувачки единици, како и хеликоптерската единица.

На предлог на Градскиот штаб за вонредни ситуации, градоначалникот на Крагуевац, Никола Дашиќ, денеска прогласи вонредна состојба на територијата на градот Крагуевац.

Како што е наведено во соопштението, одлуката е донесена поради реалната опасност предизвикана од високите температури и големиот број пожари, а со цел да се отстранат последиците што произлегуваат од тоа.

Од почетокот на годината во Србија се регистрирани повеќе од 1.000 пожари на депонии, поради што дури две министерства предложија итни мерки за намалување на бројот на вакви појави.

Министерството за заштита на животната средина и Министерството за внатрешни работи ќе работат заедно на намалување на бројот на пожари на комуналните депонии, а мерките се донесени бидејќи во последниот месец е регистрирано зголемување на бројот на пожари.

Беше прецизирано дека оваа година во Србија се регистрирани повеќе од 1.000 пожари на депонии, а во нивното гаснење биле ангажирани 2.959 пожарникари-спасувачи и 1.298 противпожарни возила.

За да се намали бројот на пожари, планирано е да се воведе дваесет и четиричасовно дежурство на депониите за вработените во јавните комунални претпријатија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата