Пожарот се движи кон планината Вунаса, а властите евакуираа камп каде што престојуваа 55 деца, според грчката државна телевизија ЕРТ, објави порталот Protothema.gr.
Φωτιά στη Δεσκάτη Γρεβενών - Εκκενώθηκε κατασκήνωση με 55 παιδιά, ενισχύθηκαν οι δυνάμεις https://t.co/NZrk6lx2AW
— Protothema.gr (@protothema) July 29, 2025
Градоначалникот на Дескати, Димитрис Котас, изјави дека децата се евакуирани како мерка на претпазливост. Тој го опиша пожарот како неконтролиран и рече дека се движи од Дескати кон запад кон Гревена, но дека во моментов не се заканува населени места. Сепак, изрази оптимизам дека пожарникарите ќе можат да го стават под контрола до вечер.
Противпожарната бригада е засилена и сега на местото на настанот работат 45 пожарникари со 11 возила, три планински единици на 8-та Е.М.О.Д.Е. (Специјална единица за итни случаи) и два хеликоптери.
Во гаснењето на пожарот учествуваат и локални цистерни за вода. Станува збор за област, западно од градот Катерини.