Во пораката упатена до поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, патријархот Даниел се моли за упокојување на починатите, за исцелување на повредените и за утеха на ужалените семејства.
- Со длабока тага дознавме за трагичниот настан што се случи утрото во неделата, 16 март, во градот Кочани, Македонија, во кој животот го загубија повеќе од 50 лица, а повеќе од 100 беа повредени. Во овие моменти на тага за народот на Македонија, го молиме Семилостивиот Бог да ги упокои во својот мир душите на загинатите во овој трагичен настан и да им даде брзо исцелување на повредените, а утеха на ужалените семејства, во светлината на Воскресението Христово. Со братска љубов во нашиот Господ Исус Христос, се неведува во пораката на романскиот патријарх Даниел.