Собранието на Косово и во 15-тиот обид не успеа да избере претседател и потпретседатели

13.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Собранието на Косово и во 15-тиот обид не успеа да избере претседател и потпретседатели

Претседавачот со конститутивната седница, Авни Дехари повторно го стави предлогот за формирање на изборната комисија на гласање, но предлогот не го доби потребниот број гласови. 

За формирање на Комисијата гласаа 56 од вкупно 120 пратеници, додека еден беше против. 

Како што беше претходно објавено, пратениците на Демократската партија на Косово, Демократскиот сојуз на Косово, Српската листа и Алијансата за иднината на Косово - Иницијатива не гласаа за формирање на комисија за тајно гласање за избор на претседател. 

Продолжението на конститутивната седница е најавено за 15 мај. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата