Со традиционален протест во Атина одбележан Меѓународниот ден на жената

8.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Со традиционален протест во Атина одбележан Меѓународниот ден на жената

Меѓународнит ден на жената, традиционално и оваа година, во Грција се одбележа со протест во центарот на Атина, а учесниците уште еднаш ги истакнаа правата на жените, но и упатија пораки против сексизмот, фемицидот, трговијата на жени, како и против секаков вид дискриминација, јави дописничката на МИА од Атина.

Протестот беше организиран од синдикатот на вработени во државниот сектор, но и од феминистички и антирасистички здруженија и организации.

Жените и девојките со кои поразговара дописничката на МИА од Атина, велат дека правата на жените во Грција се значително подобрени споредбено со ситуацијата пред 30 или 40 години, но истакнуваат дека сепак, не се на нивото на кое би требало да бидат.

Посочуваат дека иако теоретски жените имаат еднакви прва со мажите, сепак во пракса ситуацијата е поинаква.

На денешниот протест во центарот на Атина, посебен акцент беше ставен на палестинските жени, а беше поставено и големо палестинско знаме кое го држеа девојки во традиционални носии. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата