Се запали туристички брод на Јадранот, има повредени

22.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се запали туристички брод на Јадранот, има повредени

Туристички брод се запалил утринава во Макарска околу 8:20 часот, откако избувнал пожар во кујната.

Иако огнот брзо бил ставен под контрола, две лица биле повредени и им е укажана медицинска помош, јавуваат регионалните медиуми.

Според информациите од сплитско-далматинската полиција, повредените се членови на екипажот и се хрватски државјани. Во моментот на инцидентот, на бродот имало туристи, но за среќа никој од нив не е повреден.

Во тек е увид на местото на настанот, а причините за пожарот сè уште се утврдуваат.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата