Падна противпожарен хеликоптер во близина на Атина – спасени тројцата членови на екипажот

22.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Падна противпожарен хеликоптер во близина на Атина – спасени тројцата членови на екипажот

Хеликоптер на Противпожарната служба на Грција падна во морето во близина на Елефсина во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, најверојатно додека полнел вода за време на интервенцијата во гаснење пожар, а тројцата членови на екипажот се спасени од приватно пловно средство, јави дописничката на МИА од Атина.

Причините за падот на хеликоптерот, што неофицијално е од типот Ериксон, засега се непознати, а од Крајбрежната служба на Грција информираа дека спровеле акција со учество на патролни и приватни чамци и бродови при што биле спасени тројцата членови на екипажот.

Веднаш биле пренесени на копно, од каде што ги презеле амбулантни возила на брзата помош.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата