Се огласи Вучиќ, откако отпадна тркало од автомобилот во кој се возел (ВИДЕО)

8.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се огласи Вучиќ, откако отпадна тркало од автомобилот во кој се возел (ВИДЕО)

Како што може да се види на новото видео, Александар Вучиќ излегува од автомобилот само неколку секунди откако се случи инцидентот, објави Курир.

- По посетата на Меленци отидов во Мокрин пред големиот собир во Кикинда и на пат бев со мојот автомобил, а ќе ви дадам неколку објаснувања. Значи, дали пукна гумата и пукнаа сите гуми или што мислам јас или бог знае уште што, тоа треба да утврдат надлежните и тие ќе го утврдат тоа. Пристигнав во Мокрин и се префрлив во друг автомобил - изјави Вучиќ за „Информер ТВ“, додавајќи дека ретко користи ротација, а неговото обезбедување е многу дисциплинирано.

- Дозволете ми да им објаснам на луѓето само поради разни злонамерни глупости од разни страни, па прво, јас користам ротација во 0,1 отсто од случаите и моите од обезбедувањето се многу дисциплинирани. Тие знаат дека не можам да поднесам, не можам да поднесам луѓе кои инсистираат на ротација затоа што тоа за мене секогаш е доказ не за нечија моќ, туку за нивната суета.“

Трагедија за малку е избегната кога возилото во кое се наоѓал претседателот на Србија очигледно удрило во одредена препрека на патот, при што се лизнало и отпаднало тркалото.

Со оглед на фактот дека во возилото бил претседателот на државата, важно е да се спроведе сеопфатна истрага за овој опасен инцидент.

Органите на редот излегоа на местото на настанот и истрагата е во тек.

Инцидентот се случил на пат, додека претседателот патувал од една до друга локација за време на неговата обиколка на Банат.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата