РАМА СЕ ВМЕША ВО КОСОВСКОТО ПРАШАЊЕ: Пратил предлог за Заедница на српски општини до Макрон и Шолц

8.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
РАМА СЕ ВМЕША ВО КОСОВСКОТО ПРАШАЊЕ: Пратил предлог за Заедница на српски општини до Макрон и Шолц

Албанскиот премиер Еди Рама изјави испратил предлог-статут на Заедницата на српските општини до францускиот претседател Емануел Макрон и на германскиот канцелар Олаф Шолц.

Тој на прес-конференцијата изјави дека не ја разбира неподготвеноста на косовските власти да ја деескалираат ситуацијата на северот.

– Ситуацијата на север добива размери на политичка трагедија за Република Косово. Изјавите на нашите стратешки сојузници за оваа ситуација се сè поалармантни и неразбирлива е причината за неподготвеноста на косовските власти да ја деескалираат ситуацијата во која е очигледно дека Косово секојдневно прави големи загуби – рече Рама.

Тој нагласи дека ЗСО ќе биде „Гордиев јазол“ до крајот на дијалогот.

– Србија го прави она што многупати досега го правела, додека Косово прави нешто што никогаш досега не го направила и за што универзално го обвинуваат сите стратешки сојузници на албанскиот народ. Во услови кога односите на сојузниците со Косово добиваат сè поултимативни тонови, доколку Косово, а се надевам дека тоа нема да се случи, биде санкционирано поради неговиот став, тука сум да споделам со вас еден непознат факт до денес. Одамна знам дека Гордиевиот јазол на дијалогот ќе биде Заедницата на општини со српско мнозинство и убеден сум дека ниту една од страните не ја сака Заедницата и ќе се потруди да ја турне до бесконечност со држење на кризата отворена. – рече Рама.

Тој посочи дека верува оти создавањето на ЗСО е клучот за конечно отворање на вратата за меѓународна афирмација на Косово.

– Нејзиното признание од сите, нејзин пласман на меѓународни форуми и меѓусебно признавање со Србија. Тоа е план одамна разработен од врвни американски и европски експерти, за секој случај да дојде овој ден. За мене незаборавна е позицијата на Косово, а не на Србија. Партиите не можат да се договорат кој да го напише овој текст, ниту што треба да содржи текстот – додаде Рама.

Како што нагласи, нацртот што им го испрати на Макрон и Шолц за ЗСО можеби не е идеално решение, но ги почитува сите причини за создавање на ЗСО.

– Тоа е доверлив документ кој не претендира да биде идеално решение, туку е документ од највисоко меѓународно ниво кој ги почитува сите причини за создавањето на Здружението – рече Рама.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата