Радев: Категорично сум против испраќање бугарски војници во Украина

18.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Радев: Категорично сум против испраќање бугарски војници во Украина

- Како врховен командант, категорично сум против испраќање бугарски војници во Украина под каква било форма, изјави Радев на одбележувањето на 35-годишнината од основањето на Конфедерацијата на независни синдикати на Бугарија (КНСБ).

Тој истакна дека очекува јасен и недвосмислен став од Владата и Парламентот дека Бугарија нема да испраќа свои трупи.

- Од почетокот на војната во Украина го поставив клучното прашање – да не се дозволи Бугарија да биде вовлечена во конфликтот. Денес, кога глобалната безбедносна архитектура се распаѓа, ова прашање е уште порелевантно, нагласи Радев. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата