Прво сведочење на кецмановиќ по маскрот во Белград–очи во очи со родителите на убиените деца

8.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Прво сведочење на кецмановиќ по маскрот во Белград–очи во очи со родителите на убиените деца

Јавноста успеа да го види само возилото на Брзата помош со кое момчето беше донесено во судот додека родителите на децата жртви скршени од болка доаѓаа на првото соочување со малолетникот. Иако првично најавено дека ќе биде изолиран и сослушуван од посебна просторија, сепак тој прифатил да застане на судската говорница на рочиштето против неговите родители, на кое е во улога на сведок, со оглед дека не може кривично да одговара поради возраста.

-Се чувствував отфрлен од децата и затоа го направив тоа. На 3-ти мај донесов пиштол за да го направам тоа намерно, но не бев сигурен дека ќе пукам, рекол Кецмановиќ на рочиштето затворено за јавноста, а пренесува „Република.рс“.

Таткото на момчето Владимир Кецмановиќ е обвинет поради тоа што пред масакрот го носел 13-годишниот син на стрелиште и го обучувал да пука, како и дека дома несоодветно ги чувал двата пиштола, кои момчето ги употребило. Неговата мајка Миљана, пак, е обвинета зашто на една од чаурите во училницата била пронајдена нејзина ДНК. Според најавите пред рочиштето, семејствата на жртвите имале подготвено 250 прашања за Коста.

-Јас се надевам дека денеска ќе можеме да добиеме прашања во однос на мотивите и расветлување на сите околности како и зошто дојде до овој стравичен масакр. Ќе видиме, и семејствата на жртвите и на ранетите ќе имаат можност да постават прашања што мислам дека е многу важно со оглед дека година и пол чекаат на некој вид одговор за да успеат барем малку да се смират. , изјави Огњен Божович, адвокат на семејствата на жртвите.

Масакрот каков не памети Србија отвори широка јавна дебата дали со измените на Кривичниот Закон треба да се намали старосната граница на малолетниците кои извршиле тешки кривични дела, со оглед дека актуелниот ги амнестира од одговорност децата под 14 години.

-Убиецот на моето дете и на останатите деца и на Драган, ден претходно и самиот го читал кривичниот закон и тој многу добро знаел дека нема да подлежи на кривична одговорност. Имаме привилегирана положба на малолетниците во кривичниот закон. Но, што правиме со жртвите? Каков епилог имаме по 3-ти мај, ако имаме ситуација дека никој нема да одговара за убиство на девет деца. , изјави Нинела Радичевиќ, мајка на убиено девојче на 29-ти септември во гостување на „Прва.рс“

Лани на 3 мај, тогаш 13-годишниот Коста упадна во своето училиште Владислав Рибникар и смртно застрела 9 соученици и училишен чувар.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата