Храбрата учителка од Загреб има 31 убодна рана, се уште дише со помош на апарат!

21.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Храбрата учителка од Загреб има 31 убодна рана, се уште дише со помош на апарат!

Но и дека здравствената состојба и е стабилизирана.

 И три деца повредени во нападот со нож се стабилни, јавува 24сата.хр.

Вчера 19-годишник кој се лекувал на психијатриска клиника  изврши трагичен напад во загрепското основно училиште во Пречко.

Поранешниот ученик во ова основно училиште во напад со нож избоде наставничка и десетина деца.За жал еден ученик починал.

Младиот човек е уапсен. „Наставничката е стабилна, се уште дише со помош на механичка вентилација, а за денеска е закажана дополнителна дијагностика за нејзиното лекување“, одговорија од болницата „Свети Дух“ и потврдија дека наставничката имала 31 убодна рана.

Хрватското Министерство за здравство соопшти дека детето кое се лекува на клиниката во Ребро и двете деца на Клаиќева се стабилни и добро.

Утрото по трагедијата пред основното училиште во Пречко владее молк и тага.

Училиштето се уште е опкружено со полициска лента, а има околу 10 полицајци кои го обезбедуваат местото.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата