Дискусиите неколку часа се одвиваа само меѓу пратениците од владејачкото мнозинство, а претседателката на Собранието Брнабиќ уште на почетокот истакна дека немала намера како што кажа, Собранието во ниту еден момент да прекине со работата.
Институциите на Република Србија нема да се повлекуваат пред насилство.
Пратениците од српската опозиција ден по инцидентите ја обвинија власта дека со обидот да протурка закони на седницата која требало да биде првенствено за барањата на студентите, сама го предизвикала гневот во пленарната сала. Велат дека остануваат на своите барања, а го повторија и барањето за формирање на преодна влада. Дел од нив открија и дека пиротехничиките средства биле внесени во салата неколку месеци однапред, бидејќи како што кажаа, очекувале некаков инцидент.
-Самите (власта) го предизвикаа одговорот кој вчера го добија. Продолжија со нивната ужасна политика на зло, хушкање, навреди, омраза и поделби, прикажувајќи се себеси како жртва и секогаш таа позната игра дека џелатот себеси се прикажува како жртва, а одговорот на народот или опозицијата да го прикажува како некаков насилен акт,--Маринка Тепиќ – Партија на слобода и правда.
-Почнуваме со колегите од опозицијата да формираме предлог за излез од кризата во форма на преодна влада. / Дел од тие (пиротехнички) средства ги внесувавме порано, пред неколку месеци во Собранието, бидејќи постоешње знаете, работиме на раб на инцидент веќе долго и тие едноставно беа тука. -Радомир Лазовиќ – Зелено – лев фронт.
Во инцидентите како што соопштија српските власти, покрај трите повредени пратенички, од кои едната доживеа мозочен удар, а другата која е во осимот месец од бременоста итно беше пренесена во болница, денеска има информации за уште четири лица со полесни повреди.
Дополнително, во текот на ноќта имало и лажна дојава за подмената бомба во паралментот. Српскиот претседател Вучиќ најави дека ќе бара кривична одговорност за инцидентите
-Станува збор за силеџиско, хулиганско однесување. Јас ќе кажам само неколку зборови, не сакам да користам тешки зборови за тие што тоа го направија, не бидејќи не го заслужуваа тоа, туку затоа што барам кривично-правна одговорност. Чекаме да видиме што ќе направи обвинителството, бидејќи да беше во обратна ситуација, до сега ќе бевме обесени одамна.-Александар Вучиќ – Преетседател на Србија.
Ситуацијата се следи и од ЕУ, а комесарката за проширување Марта Кос која изрази загриженост за попречување на работата на парламентот, повика на деескалација и смирување на тензиите во собранието.