Снимката која ја објави Јутарњи отвора бројни прашања. Од Владата засега нема реакција. Медиумите побарале одговор од владиниот портпарол Марко Милиќ.
Според она што може да се види на видеото, Дабро е виден во лежерна облека, облечен во шорцеви и маичка, што може да навести дека видеото е снимено во текот на летото минатата година. Во позадина се слуша народната песна „Каранфил се на пут спрема“ од Зехра Бајрактаревиќ.
Се чини дека тој пукал во близина на населено место.