Во тек е масовен протест на студентите пред српската национална телевизија

17.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во тек е масовен протест на студентите пред српската национална телевизија

Во цела Србија вчера во 11:52 часот се одржа едноминутно молчење за да им се оддаде почит на загинатите во уривањето на настрешницата во Нови Сад. При една ваква акција во Белград, студентка по право беше тешко повредена кога на тротоар ја удри автомобил. Како одговор на овој див чин синоќа се одржаа протести во Крагуевац, Ниш, Краљево и други градови.

Белградските студенти вечерва во 18 часот и 30 минути одржуваат протест под наслов „Нашето право да знаеме сѐ“ пред РТС.

Студентите имаат јасна порака. „Тука сме поради медиумскиот молк. Имаме јасна порака – јавноста има право да биде информирана за тоа што се случува во Србија“, вели студент на Филозофскиот факултет.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата