Немири пред и во градското собрание во Белград, приведени неколку лица

6.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Немири пред и во градското собрание во Белград, приведени неколку лица

Тепачката завршила со повлекување на обезбедувањето во кругот на зградата.

Во Собранието се одржуваше седница на која се расправаше за повеќе предлог-одлуки, вклучувајќи го и ребалансот на буџетите на градските комунални претпријатија. Граѓанската иницијатива „Мост останува“ повика на блокада на седницата, тврдејќи дека единствените легитимни точки на дневниот ред треба да бидат поддршката за студентските протести и мораториум на нетранспарентните градежни проекти.

По завршувањето на седницата, инцидентите продолжија. Полицијата во опрема за разбивање демонстрации беше распоредена пред зградата, а неколку лица се приведени. Ситуацијата дополнително се вжешти кога припадниците на приватното обезбедување се обидоа да излезат од зградата за да му помогнат на својот колега, кој беше испрскан со солзавец. Собраните граѓани се обидоа да го спречат неговото евакуирање со Брза помош, но подоцна им беше дозволено да го однесат во болница.

Министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, изјави дека полицијата интервенирала по барање на вработените во Градското собрание и дека не вршела притисок врз граѓаните. „Нашата задача е да го одржуваме јавниот ред и мир“, рече Дачиќ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата