„Според нашата мајска проекција, растот на реалниот БДП на Србија во тековната година ќе изнесува 3,5 проценти. Имајќи предвид дека во првиот квартал економскиот раст беше помал од очекуваниот, како и проблемите во европската автомобилска индустрија и растот на протекционизмот во светот, што се одразува во зголемената неизвесност и одбивност кон ризик кај инвеститорите, новата проекција за раст на БДП за 2025 година е пониска за еден процентен поен во споредба со нашата проекција од февруари“, се вели во извештајот на НБС.
НБС се уште очекува растот на економската активност во 2026 и 2027 година да биде во опсег од 4,0–5,0 проценти, додека во 2027 година, годината на изложбата Експо 2027, растот веројатно би бил поблиску до горната граница на тој опсег.
Домашната побарувачка ќе биде клучен генератор на растот на економската активност во тековната и наредните години, но со малку помал позитивен придонес во споредба со претходната проекција.
„Исто така, забрзувањето на економскиот раст на Србија на среден рок врз основа на растот на инвестициите и продуктивноста треба да придонесе за раст на производствениот потенцијал и забрзување на процесот на реална конвергенција на Србија кон ЕУ.“
Првото намалување на инфлацијата е регистрирано во април кога инфлацијата беше на 4 проценти.
НБС очекува цените на храната да се смират поради доаѓањето на новата земјоделска сезона во мај, како и цените на нафтата, кои ќе паднат и со тоа ќе влијаат на сите други инфлаторни фактори./МИА