Над милијарда евра испратиле албанските иселеници во својата земја

26.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Над  милијарда евра испратиле албанските иселеници во својата земја

Податоците на банката покажуваат дека дознаките се повисоки за 115 милиони евра споредено со 2023 година, што ја одразува поддршката што дијаспората ја дава на економијата на земјата со над милијарда евра.

Само во последното тромесечије од 2024 година, албанските иселеници испратиле 273 милиони евра или 21 милион повеќе во споредба со истиот период претходната година.

-Од 2013 година, дознаките континуирано се зголемуваат, што е одраз на нов циклус на емиграција, кој започна главно по 2015 година. Податоците покажуваат тренд на зголемување, од 598 милиони евра во 2015 година на 929 милиони евра во 2023 година.

Во 2020 година има мало намалување, кога изнесувале 673 милиони евра, што е поврзано со периодот на пандемијата. После тоа, се чини дека дознаките брзо закрепнаа, достигнувајќи рекордни нивоа во последните 3 години, анализира „Монитор“

Поголемиот дел од дознаките доаѓаат од Грција, Италија, Велика Британија, Германија и Соединетите американски држави. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата