- Нашето друштво е член на ФУЕН од 16 мај 2015 година и е дел од Работната група на словенските малцинства при Унијата. Од тогаш редовно учествуваме на Конгресите, па го потврдивме учеството и за годинешнот 69. Конгрес, на кој домаќин ќе биде Јужнотиролската народна партија членка на ФУЕН. Се очекува да присуствуваат претставници на автохтоните национални малцинства, националности и јазични групи од цела Европа, рече за МИА, Никола Ѓурѓал претседател на друштвото.
Според него, Конгресот ќе се фокусира на дискусии за актуелните случувања во политиката на малцинствата, средбите со регионот домаќин и неговите модели за заштита на малцинствата, како и идниот развој на ФУЕН.
Посочи дека, домаќинот, Јужнотиролската народна партија ги застапува интересите на населението во Јужен Тирол, регион познат низ цела Европа по својата јазична и културна разновидност, а кој често се нарекува „мала Европа во Европа“.