Надворешната и безбедносната политика на Србија се одлучува во Брисел и тоа мора да се има предвид.Тоа денеска го изјави српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ во изјава за белградски медиуми. Тој додаде дека „важно е да се има влијание врз тие одлуки“.
Ѓуриќ изјави дека Србија е на европскиот пат и речиси 64 проценти од трговската размена се одвива со ЕУ.
Тој додаде дека „оној што им советувал на студентите во блокада да одат во Брисел не размислувал добро“.
Во врска со Косово, Ѓуриќ изјави дека Приштина нема да се приклучи во Советот на Европа.
„Приштина не ги исполни одредбите од извештајот на Дора Бакојани, која е известувач во ПССЕ, односно не е вратено земјиште на манастирот Високи Дечани и се уште не е формирана Заедницата на српски општини“.