Македонија официјално не била тема на разговор меѓу Желјазков и Фон дер Лајен

22.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Македонија официјално не била тема на разговор меѓу Желјазков и Фон дер Лајен

Бугарскиот премиер Росен Жељазков во Стразбур се сретна со претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен, но во изјавата за медиумите што ја даде по завршувањето на средбата, воопшто не ја спомена Македонија, па не е јасно дали на средбата воопшто станало збор за нашиот случај и евентуална промена на заклучоците на Европскиот совет. 

Новоизбрананиот премиер од ГЕРБ  рече декана средбата била потврдена взаемната доверба меѓу новата бугарска влада и новата Европска комисија.

-На средбата со претседателката на ЕК беше важно да ја потврдиме взаемната доверба која новата бугарска влада и новата Европска комисија, ја споделуваат на патот на европски развој и нашите ангажмани како горда и достоинствена членка на ЕУ. Ние ги споделивме сите грижи што ги имаме за глобалните предизвици, местото на унијата и како да се справиме со нив- изјави - Росен Жељасков – Премиер на Р. Бугарија.

Дека бавно напредуваат евроинтеграциите посебно во случајот со Македонија признава и еврокомесарката за проширување Марта Кос зборувајќи за Украина на конференцијата на Светскиот економски форум во Давос.

-Ова е првпат да преговараме со земја во војна, и тоа е напорна работа за нас, за мојот тим, посебно за Украина затоа што бара процесот да се заврши два до три пати побрзо од вообичаениот. Ако само споредиме, да речеме со Македонија, која е кандидат, Украина ќе стане членка на ЕУ во 2045 година, затоа не можеме да си го дозволиме тоа,изјави – Марта Кос – Еврокомесар за проширување.

Сепак, дека проширувањето на Унијата останува еден од клучните приоритети уверува претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Во своето обраќање пред пратениците во Европскиот парламент, Кошта истакна дека е време Брисел да ги исполни ветувањата за Западен Балкан.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата