Постизборната резултатската нишалка ни приближно не може да гарантира дека актуелниот премиер ќе успее да состави влада, откако неговото „Самоопределување“ освои 41% гласови. Иако освои 10 проценти помалку од пред четири години, Курти најавува дека и по трет пат ќе биде премиер на Косово. Синоќа по полноќ се обрати два пати, кога упати и навредливи зборови за опозициските партии.
-Рекоа дека државниот буџет ќе стане поголем од бруто домаѓниот производ. Какви животни. Ветуваа и коефициент поголем од нивната програма. Какви животни! Но, времето на животните заврши! , Албин Курти, премиер на Косово.
Прелиминарните резултати, покажуваат дека Самоопределување на Курти е во кусок од 15-ина мандати за да стигне до неопходните 61 пратеник. Двете опозициски партии Демократската партија и Демократската лига на Косово би имале вкупно 45, пред Алијансата на Харадинај со 9 проектирани мандати, но засега нема јасни сигнали дали тие би се обиделе да му ги замрсат сметките на Курти.
-Мнозинството граѓани и го свртеа грбот на оваа влада. Резултатот покажува дека тие бараат нова влада, поинаква влада. , изјави Блеранд Ставилеци, портпарол на Демократската партија на Косово.
Аналитичарите прогнозираат дека Курти сега ќе се обиде да состави влада со 10-те пратеници на малцинствата и со уште неколкумина пратеници, но и тоа засега останува крајно неизвесно. Додека курти славеше во Приштина, Србите славеа во Северна Митровица, откако ги освоија максималните 10 мандати во Парламентот.
-Ова е победа на сите Срби и Србинки, кои го истрпеа теророт на Курти, а кои денеска покажаа дека не му се плашат. , изјави Златан Елек, претседател на Српска листа.
А, честитки за Курти веќе стигна и од Македонија, од традиционалните пријатели Вреди, чии претставници во изминатите години неколкупати беа домаќини, но и гости на Курти.
-Меѓутоа, и да не направат, мислам дека ќе биде со коалицирање, бидејќи (Самоопределување) има најголема доверба. Втората и третата партија имаат заедно помалку отколку г. Курти. На Косово му е потребен г. Курти да продолжи уште четири години со владеење, изјави Арбен Таравари, коалиција Вреди.
Ова беда деветти парламентарни избори, но први редовни од прогласувањето на независноста на Косово пред 17 години.