„Курти не разбира што се случува на Косово, ПОСЛЕДИЦИТЕ НЕ СЕ УБАВИ“

8.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Курти не разбира што се случува на Косово, ПОСЛЕДИЦИТЕ НЕ СЕ УБАВИ“

Поранешниот специјален пратеник на американскиот претседател за Западен Балкан, Ричард Гренел, денеска изјави дека премиерот на Косово Албин Курти не разбира што се случува со Косово и Метохија.

Тој предупреди дека меѓународната заедница му дала на Курти рок до петок да ги исполни обврските на Приштина.

„Курти не разбира што се случува со Косово. Меѓународната заедница му даде рок до петок да ги исполни обврските што неговата земја ги презеде претходно. Моите пријатели во Косово мора да се подготват за тешки последици доколку Курти не постапи соодветно“, напиша Гренел на Твитер.

„Ги видов последиците и не се убави“, заклучи тој.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата