Кој е Милош Вучевиќ, ЧОВЕКОТ КОЈ ГО ЗАМЕНИ ВУЧИЌ на чело на СНС

27.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кој е Милош Вучевиќ, ЧОВЕКОТ КОЈ ГО ЗАМЕНИ ВУЧИЌ на чело на СНС

На предлог на српскиот претседател и досегашен лидер на СДС, Александар Вучиќ за претседател на партијата СНС и за наследник на лидерското место е избран Милош Вучеви/.

Дозволете ми да ви се заблагодарам за кандидатурата и изборот за претседател на партијата. Голема благодарност до претходниот претседател на партијата за одличното раководење со партијата“, рече Вучевиќ.

„Во политиката ќе имам една голема предност, тоа што покрај себе ќе имам таков политичар како Александар Вучиќ. Потешка околност е што не е лесно да се зачува и подобри и да се продолжи понатаму. Верувам дека заедно, како тим , раководството на партијата, ќе бидеме достојни за тој предизвик и свесни за тие обврски“, рече тој.

Тој рече дека ќе има можност да се консултира и со други членови на партијата, бидејќи не е проблем да се прашува, важно е да се разговара, да се разменат мислења.

Вучевиќ рече дека СНС е подготвена да разговара со сите политички актери.

Кој е Милош Вучевиќ

Милош Вучевиќ, актуелен министер за одбрана, е роден 1974 година во Нови Сад, тој е српски адвокат и политичар, бил градоначалник на Нови Сад.

Во моментов е вицепремиер на Владата на Србија и министер за одбрана.

Дипломирал на Правниот факултет во Нови Сад во 1999 година, со просечна оценка 8,84. По завршувањето на факултетот заминал да служи војска во Врање, а потоа во Гњилане.

Бил член на Одборот на директори на Националната алијанса за локален економски развој (НАЛЕД) од 2015 до 2016 година.

Тој стана градоначалник на Нови Сад во 2012 година, за да биде реизбран на изборите за градоначалник во 2016 година.

На 4-то собрание на Српската напредна странка одржано на 28 мај 2016 година е избран за потпретседател на партијата.

Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и на повелбата за почесен сенатор на Сенатот за економија на Србија во 2014 година. Истата година ја добива наградата „Капетан Миша Анастасијевиќ“, која му беше врачена како водач на градската управа, за промоција на европските вредности на животот во Нови Сад.

Две години подоцна, во 2016 година, тие вредности беа потврдени со прогласувањето на Нови Сад за младински главен град на Европа за 2019 година и за европска престолнина на културата за 2021 година.

Добитник е на наградата „Бел гулаб“ како дел од програмата „Тесла глобален форум“.

Носител е на Орденот Свети владика Максим од Сремската епархија, како и писмо на признание и благодарност од Бачката епархија за неговиот исклучителен придонес во развојот на духовниот и црковниот живот, а во 2022 г. највисоко признание на Српската православна црква – Орден Свети Сава, втор степен.

Покрај правните науки, омилените општествени области му се историјата и географијата.

Тој е љубител на фудбалот и спортот.

Оженет е и има две деца.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата