Застрашувачка фотографија од невремето во Белград фотографирана од далеку е вистински хит на социјалните мрежи. Необично големиот облак од бурата кој се надвиснал над главниот град на Србија според инстаграмџиите личи на сцена од познатиот филм „Ден на независноста“ во кој над Њујорк доаѓа огромен вселенски брод за го потчини човештвото. Други, пак, пишуваат „Путине, си ја промашил целта“.