Бериша: Доналд Лу и Романа Влахутин се најкорумпираните амбасадори во историјата

21.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бериша: Доналд Лу и Романа Влахутин се најкорумпираните амбасадори во историјата

Поранешниот албански премиер и актуелен лидер на Демократската партија, Сали Бериша, на прес-конференција обвини двајца дипломати, Доналд Лу, поранешен американски амбасадор и Романа Влахутин, евро амбасадорка, дека се најкорумпираните амбасадори во историјата.

-Добро го паметам разговорот што го имав во мојот кабинет со двајцата најкорумпирани амбасадори во историјата на европската и светската дипломатија, Доналд Лу и Романа Влахутин, околу ветингот. Им велам, вие барате овој процес повторно да ги разгледа досиејата, нивната усогласеност со законот, каде ги имате тие луѓе, каде ќе ги најдете овие инспектори, овие судии, бидејќи тие мора да бидат квалификувани луѓе, да им судат на судиите? Доста ни е, ми рекоа, доста ни е, ги имаме во пензија, ќе ги земеме, ќе ги донесеме, а за тоа после добро се офајдија, рече Бериша.

Посочил дека разбира оти многу корумпирани или измамени луѓе кои го поддржаа процесот на проверка се лути, најавувајќи дека тој ќе ги „заштити интересите на земјата и интересите на албанските граѓани“.

Според негова пресметка пред четири години финансиската штета од несудени граѓански предмети надминала четири милијарди евра. Исто така вели дека „нема сериозен инвеститор кој доаѓа овде во земја со ваква правда, ниту еден. Затоа што правната сигурност е нула“.

Доналд Лу американски амбасадор во Тирана беше во периодот 2015-2018, додека Романа Влахутин евроамбасадорка од 2014 до 2018 година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата