Израелската компанија за надзор „Целебрите“ соопшти дека ги истражува наводите дека нејзин софтвер бил „користен од српски функционери за хакирање на телефоните на десетици новинари и активисти“ со цел да се инсталира шпионски софтвер на нивните уреди, пишува денеска „Тајмс од Израел“.
Во извештај на организацијата Амнести Интернешнл се наведува дека српски шпионски софтвер направил тајни снимки од екранот на мобилните уреди, копирал контакти и поставувал податоци на сервер што го контролира. Владата, откако израелскиот софтвер бил искористен за отклучување на уредот.
- Во повеќе случаи, активисти и новинари пријавиле знаци на сомнителна активност на нивните мобилни телефони директно по интервјуа со српската полиција и безбедносните власти, соопшти Амнести.
Производите на Целебрите ги користат агенциите за спроведување на законот, вклучително и американското Федерално биро за истраги (ФБИ), за отклучување на паметни телефони и барање докази.
Директорот за маркетинг на Целебрите, Давид Џи, рече дека компанијата ги истражува наводите на АИ.
Ако обвинувањата се точни, тоа потенцијално може да претставува прекршување на договорот за лиценца за крајниот корисник, рече тој, додавајќи дека „ако тоа е случај, Cellebrite може да ги спречи српските власти да ја користат нејзината технологија“.
Инсталирањето софтвер за надзор на уредите „апсолутно не е она што го правиме“, додаде директорот на израелската компанија.
Тој рече дека Cellebrite почнала да контактира со српски функционери, но одби да даде дополнителни детали.