Историски четврт мандат на Еди Рама

13.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Историски четврт мандат на Еди Рама

По преброените гласачки ливчиња од 4949 или 95 отсто од вкупно 5225 избирачки места, повеќе од сигурно е дека владејачката Социјалистичка партија на премиерот Еди Рама веќе го обезбеди четвртиот последователен мандат, со што станува најуспешен политичар по падот на комунизмот во Албанија.

Така, социјалистите досега освоија 82 мандати, со предност од 230 илјади гласови. Најдобри резултати има во Тирана, Фиер, Драч и Елбасан.

Коалицијата „Алијанса за величествена Албанија“ предводена од Демократската партија на Сали Бериша 52 мандати, Социјалдемократската партија, на Том Доши три, додека коалицијата „Иницијатива Албанија станува“ и Движењето „Заедно“ по еден еден мандат.

За социјалистите, но и воопшто на изборите од 1990 година, по падот на комунистичкиот режим, ова е најубедлива победа на една партија во  Албанија, која иако има повеќепартиски систем, власта се менуваше помеѓу две главни сили - социјалистите и демократите.

На претходните избори во  2021 година Социјалистичката партија доби 74 пратеници, Демократската партија 59, Партијата на слободата 4 и Социјалдемократската партија три.

Во единствениот избирачки список, за 11. по ред парламентарни избори по падот на комунизмот, беа запишани 3.721.116 гласачи, а своето граѓанско право го оствариле 42,16 отсто, или 4 отсто помал број споредено со изборите пред четири години.

По првпат право да гласа имаше и албанската дијаспора. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата