Гренел: Курти ги наруши односите на Косово со САД

27.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гренел: Курти ги наруши односите на Косово со САД

Поранешниот специјален претставник на САД за дијалог меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, изјави денеска дека Вашингтон ги поддржува оние за кои верува дека постигнуваат напредок во почитувањето на западните вредности и го обвини премиерот во Приштина, Албин Курти дека  „ги уништил силните врски“ на Косово и САД.

Гренел на Твитер реагирајќи на коментарот на Курти за вчерашните настани со косовската полиција во општините Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ рече дека е право на избраните на демократски избори да ја преземат функцијата и напиша дека Курти е првиот лидер чии постапки ги осудија и демократите и републиканците.

Гренел на претседателката Вјоса Османи и порача дека „молкот е загрижувачки“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата