Двајца повредени од пожарот во Кочани пристигнале на лекување во Загреб

18.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Двајца повредени од пожарот во Кочани пристигнале на лекување во Загреб

Се очекува денеска и утре хеликоптер на хрватската армија да превезе уште четири повредени лица кои ќе бидат згрижени во хрватските болници.

Повикувајќи се на податоци од загрепската болница, хрватските медиуми јавуваат дека пациентите имаат изгореници и повреди при вдишување на респираторниот тракт, па им се обезбедени респиратори за механичка вентилација.

За место на лекување е избрана Клиниката за трауматологија бидејќи има Оддел за изгореници, посебно одделение за изгореници со посебна операциона сала и одделение за интензивна нега.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата