Додик: Република Српска нема да дозволи одземање на уставните овластувања и наметнување закони

28.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Додик: Република Српска нема да дозволи одземање на уставните овластувања и наметнување закони

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска го прими во инаугуративна посета амбасадорот на Австрија во БиХ, Георг Дивалдо, и му посочи дека Република Српска го поддржува европскиот пат на БиХ, на кој сака да биде видлива, во согласност со механизмот за координација и со целосно почитување на нејзините уставни позиции, како и на Дејтонските структури на Босна и Херцеговина.

Додик го информирал Дивалдо за актуелната политичка ситуација во Република Српска и во Босна и Херцеговина и нагласил дека Република Српска нема да дозволи одземање на уставните надлежности, наметнување закони и одлуки од неизбрани странски функционери.

Претседателот на република Српска на австрискиот амбасадор во Босна и Херцеговина му посака добредојде во Република Српска и успешен мандат, соопштија од кабинетот на Додик. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата