Номинираните за функција повторно беа четворица пратеници, а овој пат до крајното гласање стигнаа Раја Назарјан (ГЕРБ-СДС) и Силви Кирилов („Има таков народ“), меѓутоа ниту еден од двајцата не го собра потребниот број гласови за да биде избран.
Во вториот круг, 118 пратеници го поддржаа Силви Кирилов, 103 беа „против“, а 17 воздржани. Во прегласувањето што го побара ИТН, тој доби 117 гласови за поддршка, 104 пратеници беа „против“, а 17 воздржани. Пред самото гласање пратениците од „Демократска Бугарија“ најавија дека ќе му дадат еднократна поддршка на Силви Кирилов за претседател на Собранието.
Раја Назарјан доби 69 гласа „за“, 159 „против“ и 10 „воздржани“./МИА