Бојкот на маркетите има во повеќе балкански држави

31.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бојкот на маркетите има во повеќе балкански држави

Ова е сликата денеска во голем дел од регионот.. Освен во Хрватска, се бојкотира и во Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија.

-Секако дека поддржувам (бојкот). Мораме да бидеме одлични и да знаеме што сакаме. , вели жителка на Сараево.

-Не одам во продавница. Чекам пријателка, денеска е ден за прошетки. , жителка на Сараево.

-Тие работници таму (во маркетите) имаат семејства. Работат за плата и нема да бојкотираме. , вели жител на Подгорица.

-Цените се превисоки, а цените се „предаторски“. , жител на Подгорица.

Главна мета за бојкот се најголемите ланци маркети, но и ресторани, пекари, бензиски, дури и фризерници. Организаторите во Србија обвинуваат дека големите маркети ги договараат цените и создаваат картелско работење.

-Она што можеме да видиме на социјалните мрежи, одѕивот е масовен. Србија со 6,6-7 милиони жителни не заслужува вајов ценовен третман и вакво однесување.  , вели јован Ристиќ, здружение „Ефектива“.

Очекувано, „Црниот петок“ е најмасовен во Хрватска каде денеска се одвива акцијата „не купуваме ништо, ниту физички, ниту онлајн“. На тапет се и трите најголеми ланци маркети, но не се поштедени ниту рестораните, пекарите, па дури и фризерниците. 

-Кај што се сите, таму сум и јас. На тоа државата требаше претходно да мисли, а не сега глупости да зборуваат. , жител на Загреб.

-Имам еден проблем, на внукот му е роденден. Му ветив торта со малини, морам да купам малини. , жителка на Загреб.

Хрватската влада го вклучи алармот. Ги ограничи цените на 70 основни производи, кои мораат да бидат истакнати на посебни рафтови.  

Не ставаме 60 илјади производи, 70 производи. Нема никој од вас да пропадне. , вели Андреј Пленковиќ.

Дел од големите маркети експресно најавија намалување на цените и до илјада производи.

-Тие цени ќе бидат симнати и ќе траат до 1 јуни најмалку. , вели Зоран Митрески, бизнисмен на ланец маркети.

Минатонеделниот петочен бојкот во Хрватска резултираше со пад на прометот во маркетите за 53 проценти и безмалку двојно помалку издадени фискални сметки.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата