Без поголеми земјотреси на Санторини – за 16 дена регистрирани над 16.500 потреси

14.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Без поголеми земјотреси на Санторини – за 16 дена регистрирани над 16.500 потреси

Последниот земјотрес над четири степени беше регистриран вчера попладне кусо пред 18 часот што всушност беа два последователни во период од две минути со јачина од 4,4 степени.

Според податоците од Интердисциплинарен комитет за управување со опасности и кризи при Атинскиот Универзитет од почетокот на серијата земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос, односно од 26 јануари заклучно со 11 февруари, биле регистрирани над 16.500 земјотреси, од кои над 14.400 биле посилни од 1 степен.

Во вторникот, на 11 февруари имало над 1.100 земјотреси, од кои над 260 биле посилни од 2,5 степени.

За сеизмичката активност, морски истражувања меѓу двата острови се врши и со океанографски брод, а според научниците мерењата покажуваат дека вулканот не е засегнат.

Поради земјотресите, вонредна состојба беше прогласена и на островот Анафи, а иста одлука веќе постои и за Санторини и Аморгос.

Училиштата на Санторини, Иос, Аморгос и Анафи, поради земјотресите веќе втора недела се затворени./МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата