Апокалиптични снимки од огромен пожар во познато грчко летувалиште- најмалку тројца повредени (ВИДЕО)

12.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Апокалиптични снимки од огромен пожар во познато грчко летувалиште- најмалку тројца повредени (ВИДЕО)

Пожарникарите се борат со пожари низ целата земја, а најдраматичните сцени се на Закинтос, Иос и околу Патра на Пелопонез.

Три лица се здобиле со тешки изгореници во пожар што избувнал во областа Патра, каде што пожарникарите вложуваат натчовечки напори да го локализираат пожарот што се шири со огромна брзина.

Снимките што кружат ја покажуваат Патра, која што е познато летувалиште, обвиткана во чад.

„Во Ахаја, пожар избувна во градот Флогереика во областа Еримантос, а фронтови се присутни во областите Теријано, Моираеика, Палаја Перистера, Агиос Стефанос и Хаикали. Евидентирани се 16 евакуации, три лица со изгореници се однесени во болница, а има и извештаи за штети на куќи. Кратко по 16 часот, пожар избувнал и во близина на градот Патра, во областа Главкос“, соопштија властите.

Како што наведоа, пожарот им се заканува на населбите и фабриките во Индустриската зона.

„Пожарот се прошири на многу фронтови“, изјави заменик-регионалниот гувернер на Ахаја, Фокион Заимис.

„Населените области се во опасност, како и фабриките во Индустриската зона (ВИПЕ). Ние сме во Индустриската зона на итен состанок. На терен има пожарникари, многу градежна механизација. Се обидуваме да не дозволиме да стигне до „чувствителни“ фабрики со запаливи материјали. Во овој момент, не можам да ви кажам ништо повеќе, се води голема борба. Пожарот се прошири на многу фронтови“, изјави Заимис за медиумите.

Како што изјави, евакуации на населбите се наредени од раните утрински часови.

„Постои можност некои луѓе да не ги напуштиле своите домови, а полицијата спасува луѓе од опасните зони. Амбулантни возила ги транспортираат оние со респираторни проблеми во болница. Ситуацијата е тешка“, рече тој.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата