Развод за 7 дена: СЕВЕРИНА И ИГОР ОФИЦИЈАЛНО ПОВЕЌЕ НЕ СЕ ВО БРАК

19.08.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Развод за 7 дена: СЕВЕРИНА И ИГОР ОФИЦИЈАЛНО ПОВЕЌЕ НЕ СЕ ВО БРАК

Пејачката Северина и менаџерот Игор Којиќ дефинитивно ставија крај на бракот, а денеска ги потпишаа и документите за развод.

Како што ексклузивно дознава Српски Телеграф, пејачката Северина и менаџерот и Игор Којиќ се разведоа денеска, а договорениот развод беше официјализиран во судот во Загреб.

Како што дознава Српски Телеграф, тие ја чекале пресудата во врска со старателството над малолетникот Александар, синот на Северина и Милан Поповиќ.

Имено, Северина и Игор цело време се преправаа дека се во брак за Северина да има на суд како доказ дека е во хармоничен брак, а всушност тој брак не функционираше долго време.

Како што веќе пишуваат медиумите и порталот Република, Северина ја измами јавноста и судот, а штом дојде пресудата за старателство, таа и Игор официјално се разведоа 15 дена по таа пресуда, дознава порталот Република.

Двајцата на 12.08. поднесоа барање за развод, а денеска се разведоа во Загреб.

Од самиот почеток, сите медиуми пишуваа дека бракот на Северина и малиот Кеба е фарса, и дека тие се заедно за лични интереси. Пред се, со цел пејачката да добие целосно старателство над својот син, што не успеа во тоа.

Сепак, со месеци е познато дека таа и Игор веќе не живеат под ист покрив, туку водат одвоени животи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата