Бабите можат да бидат ПОВЕЌЕ ПОВРЗАНИ СО ВНУЦИТЕ, отколку со своите деца

19.02.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бабите можат да бидат ПОВЕЌЕ ПОВРЗАНИ СО ВНУЦИТЕ, отколку со своите деца

Студијата објавена во списанието Proceedings of the Royal Society B покажала дека бабите можат да чувствуваат подлабока емотивна врска со своите внуци отколку со своите деца.

Студијата, спроведена од истражувачи од Универзитетот Емори, испитувала мозоци на 50 жени кои имале најмалку едно внуче на возраст од 3 до 12 години. Мозокот на жените бил скениран со помош на функционална магнетна резонанца, која ја испитува активноста на мозокот.

На жените им биле покажани слики од нивните внуци, дете, анонимно дете и анонимно возрасно лице за да можат истражувачите да видат кои области од мозокот биле стимулирани во тој период. На бабите им беа дадени и прашалници за да ја проценат нивната поврзаност со нивните внуци.

„Она што навистина доаѓа до израз е активирањето во областите на мозокот поврзани со емоционална емпатија. Ова сугерира дека бабите се прилагодени да чувствуваат што чувствуваат нивните внуци кога комуницираат со нив. Ако нивното внуче се насмевнува, тие ја чувствуваат радоста на детето. И. ако нивното внуче плаче, тие ја чувствуваат болката на детето“, вели Џејмс Рилинг, антрополог и главен автор на студијата.

Истражувачите забележале дека кога бабите ги гледале своите возрасни деца, се активирала област од мозокот што укажува на когнитивна емпатија.

Емоционалната емпатија е за чувствување на емоциите на другите, додека когнитивната емпатија е за разбирање на когнитивно ниво што чувствува некој друг и зошто.

„Малите деца веројатно развиле особини кои им овозможуваат да манипулираат не само со мозокот на нивната мајка, туку и со мозокот на нивната баба. – додаде Рилинг.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата