Пијана седнала во БМВ и за малку ќе прегазела деца во парк- родителите ќе ја линчувале (ВИДЕО)

7.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пијана седнала во БМВ и за малку ќе прегазела деца во парк- родителите ќе ја линчувале (ВИДЕО)

Само по чиста среќа никој не беше повреден, но ситуацијата брзо ескалираше.

Според исказите на очевидци, во луксузното БМВ имало две жени кои продолжиле да пијат алкохол по инцидентот. Возачката била видливо пијана, се однесувала арогантно и одбила да излезе од автомобилот.

Собраните граѓани, видливо вознемирени затоа што децата речиси биле прегазени, побарале извинување. Наместо тоа, добиле шокантна реакција.

„Не ми е гајле за децата, излезете надвор“, наводно рекла пијаната жена од БМВ- то, а потоа продолжила да пие во автомобилот.

Снимките што се појавија на каналите на Телеграм покажуваат дека луѓето го опколиле автомобилот, пцовките летале на сите страни, а жената продолжила да ги провоцира и навредува присутните родители, и покрај нивните обиди да ја повикаат полицијата и да ја приведат додека не пристигнала патролата.

Како што објави полицијата, жената е приведена, а против неа се покренува обвинение за неколку кривични дела - од управување со моторно возило без дозвола, до управување со возило под дејство на алкохол, до предизвикување сообраќајна несреќа и нарушување на јавниот ред и мир.

Според локалните медиуми, БМВ-то по инцидентот било однесено во депо, а жената во еден момент била однесена со брза помош - иако мештаните тврдат дека била пуштена по 500 метри.

Родителите сакале да ја линчуваат

Граѓаните не сакале да дозволат сè да биде прикриено. Го опколија автомобилот, бараа правда и извинување, а ситуацијата се закануваше да ескалира во линч. Заменик-шефот на полицијата на Дњепар дојде на местото на настанот, зеде изјави од насобраните и се обиде да ја смири ситуацијата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата