Интересно беше во јули 2008 година, кога Коста Костовски, екс потпретседателот на Работнички и Вардар, и Ѓоре Јовановски се „препукуваа“ во „Македонски спорт“. Поводот беше отказот кој што Ѓоре го доби од „романтичарите“ а потоа и долгот од 42.000 евра кој што стратегот ги побаруваше од семејството Костовски на суд.

По ексклузивното интервју на Ѓоре Јовановски во кое тој објасни што се случувало, барем според негово мислење, за периодот од 2003 до 2007 година, кога беш тренер на Работнички, свој коментар утредента имаше и Коста Костовски, исто ексклузивно за „Македонски спорт“.

Од она што беше кажано од лице кое четири години земаше плата и живееше од средствата на фамилијата Костовски, лесно се проценува за каков човек се работи. Од сето тоа произлегува добро познатата поговорка- Рани куче да те лае!

А за тоа дека тој бил најзаслужен за успесите на нашиот клуб, да кажам дека тоа не е само негов успех. Своја заслуга има и нашата фамилија, а најмногу играчите. Ако не бевме ние тој немаше да води тим кој се бори за титула“ истакна Костовски.