Играчот од средниот ред на Палмеирас, Ричард Риос по добрите игри на Светското клупско првенство во САД го привлече вниманието на гигантите од Европа кои поитаа да се распрашаат околу можноста да го доведат во своите редови.
Информациите се дека тој чини околу десет милиони евра, што воопшто не е проблем за гигантите од Серија А, Интер и Рома, кои во моментов се најзаинтересираните.
Риос ги помина последните две и пол години во Палмеирас, постигнувајќи 11 гола на 136 настапи.
Интересно е дека овој колумбиски интернационалец до 19.години всушност игра футсал, а фудбал на далеку пониско ниво отколку во моментов.