„Русија мора да се повлече. Путин не разбра дека одлуката за напад е грешка“

14.09.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Русија мора да се повлече. Путин не разбра дека одлуката за напад е грешка“

-Рускиот претседател Владимир Путин, за жал, изгледа сè уште не разбира дека одлуката за напад на Украина беше грешка, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.

Шолц рече дека сè уште е важно да му се нагласи на Путин дека Русија мора да се повлече од Украина, објави Ројтерс.

Во вчерашниот телефонски разговор од 90 минути, Шолц го повика Путин да најде дипломатско решение за конфликтот во Украина врз основа на прекин на огнот и целосно повлекување на руските трупи што е можно поскоро.

Според портпаролот на германската влада Штефен Хебестрајт, Шолц предупредил дека какви било чекори преземени од Русија кон анексија на територии нема да останат без одговор и нема да бидат признаени под никакви услови.

Тој објави дека Шолц ја нагласил потребата да се обезбеди безбедност на нуклеарната централа Запорожје.

Според портпаролот, германскиот канцелар апелирал до Путин Русија да продолжи целосно да го спроведува договорот поддржан од Обединетите нации за извоз на украинско жито.

Фото: Профи

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата