Индиец приведен за гледање порно-филм во авион

26.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Индиец приведен за гледање порно-филм во авион

Бизнисмен кој патувал од финансискиотцентар на Индија, Мумбај, бил приведен за гледање порно-филм пред жената што седела до него, објави медиумскиот магазин TimesNowNews.

Инцидентот се случил во саботата на вечерниот лет Мумбај-Ченај.

Жената што седела до приведениот патник патувала со своето дете. Кога видел дека човекот гледа порно-филм на својот смрт телефон без да се обиде да го скрие од другите патници, таа се пожалила на кабнскиот екипаж.

Кога екипажот побарал од човекот да се премести на друго место, тој категорично одбил. Потоа, жената со своето дете се префрлила на друго седиште, но капетанот на летот ја презел одговорноста да го реши проблемот.

Капетанот на летот го информирле обезбедувањето на аеродромот во Ченај, а непристојниот патник бил задржан по слетувањето и предаден на полицијата.

Бидејќи жената одбила да поднесе тужба против бизнисменот, полицијата го ослободила со строго предупредување.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата